ВИДЕО: Милионерка од своја идеја – Ова е најбогатата Македонка во Канада

Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење, очигледно носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, а е родена и работа во Канада, решила да основа своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија која во 2011 година била процената на 75-100 милиони долари се вика „Летни свежи салати ” (Summer fresh salads Inc) таа ја основала така што започнала со продажба на готови свежи салати. Сузан има дипломирано хемија во Торонто, а по дипломирањето работела како микробиолог во фирма за храна, па воопшто не и било проблем со своето искуство да понуди на пазарот свежи и квалитетни салати со рок на траење и до неколку дена.

Кога Сузан со помош од нејзината мајка ја отвориле компанијата таа била релативно мала фирма сместена во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантска компанија која дистрибура и продава свои продукти низ цела Канада и Северна Америка. Во „Летни свежи салати” има 300 вработени и опсег од преку 3 000 рецепти за нивните производи.

“Татко ми ме седна кога почнував и ми кажа” Запомни, ти си само добра колку и луѓето со кои си опкружена “. Тоа дефинитивно се залепи за мене. Ти треба талент во твојот тим, бидејќи не можеш да бидеш сè за секого. Исто така, чашата е секогаш половина полна, наспроти половина празна за мене. Секогаш постои решение – начин да се направат работите да функционираат. ”

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

– Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжинер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја, вели Сузан.

Извор : Засе.мк




Коментари

[fbcomments]