Видео: Најлудиот црвен картон во фудбалската историја

Ова го има само во Хондурас: Голманот на тимот на Маратон по една интервенција во сопствениот шеснаесетник го допре по задникот противничкиот фудбал, по што ја исфрли топката во поле. Допирот беше минимален, ниту противникот воопшто не реагираше, но затоа тука беше помошниот судија, кој му сугерираше на главниот арбитар дека нешто не е во ред.

Којзнае што му кажа и како ја пренесе целата ситуација, но судијата досуди пенал за домаќините, воедно покажувајќи му црвен картон на „безобразниот голман“. Ова дефинитивно го има само во Хонудрас.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=z7E9J4OBMNg#t=64[/tube]

 

 




Коментари

коментари