Видео од кафеава мечка во Националниот парк Маврово!

Програмата за закрепнување на балканскиот рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.

Со помош на фотозамките во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонското Еколошко Друштво е направена снимка од кафеава мечка која автентично го доловува дивиот свет во Националниот парк Маврово.

Погледнете како изгледа!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mavrovo National Park (@mavrovonationalpark) on




Коментари

коментари