Видео: Погледнете што се случува со Вашиот мозок додека имате оргазам!

Жените кои мастурбирале во магнетно резонантна томографска машина, од почеток до крај докажале дека оргазмот го осветлува мозокот како бескрајно ѕвездено небо. Еве што се случува во мозокот.

При првиот допир

Сензорот за гениталии во мозокот се вклучува. Клиторисот, вагината и цервиксот стимулираат различни делови од мозокот. Затоа што вагината и клиторисот можат да ве доведат до оргазам, стимулацијата и на двете може да води до поинтензивен оргазам.

Континуирана стимулација

Континуираната стимулација го поттикнува хипокампусот, регион кој може да разбуди сонливи мемории. Исто така е активирана амигдалата која е вклучена во емоционалната експресија и интензивни и позитивни чувства.

Речиси „таму”

На почетокот на оргазам, малиот мозок доведува до тензија во нозете, задникот стомакот, додека предниот кортекс ги вклучува вашите сексуални фаназии. Овие регии од мозокот доведуваат до задоволство.

Екстаза!

Хипоталамусот испушта окситоцин, предизвикувајќи контракции во матката кои генерираат оргазам. Моментот не е целосно физички, се случува и хемиска реакција затоа што телото лачи окситоцин, а центарот за задоволство прима допамин.

По оргазмот

Светилките во мозокот згаснуваат, а вие уживате во истото.

Ако сакате да дознаете повеќе погледнете го видеото на ASAP Science, посветено токму на науката зад оргазмот.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=hpc2NjUAtOY[/tube]




Коментари

коментари