Категории

ВИДЕО: Пријателство, спорт и вечна дилема: Кој е подобар – Рома или Лацио?

Љубовта кон фудбалот е емоција која ја делат голем дел од луѓето низ целиот свет. Како и насекаде, така и кај нас освен за домашните тимови, љубителите на овој спорт имаат и свој фаворит помеѓу врвните светски клубови. Играчите се оние кои ја презентираат магијата на терен, но без навивачките групи сигурно не би биле подеднакво мотивирани. 

Кога станува збор за љубовта кон фудбалот, во своето гостување на утринската емисија на Телевизија 24, „Македонија Денес“, на оваа тема зборуваат фудбалерот Влатко Гроздановски и виолинистот од групата „Маестро“, Илија Филиповски. Иако имаат многу заеднички теми, кога се работи за најважната споредна работа во светот, тие навиваат за два различни тимови – Рома и Лацио. Кои се нивните размислувања и ставови на оваа тема и за почетоците на нивното пријателство, погледнете во следното видео.

Прегледи:
438
Објавено на:
13.02.2018