Видео: „Прв до врв“ од птичја перспектива благодарение на AirView

Вчера на 1ви јуни по втор пат се одржа спортско – рекреативниот настан „Прв до врв“, по повод обележување на третиот роденден на жичарницата на Водно.

Сепак, настанот е многу повеќе од тоа. Негова цел е да ги врати Скопјани на нивната планина. Беа одржани планинарска и велосипедска трка, на рекреативци и професионалци, а секако добредојдени беа и оние на прошетка и пикнин. Стартот беше кај ОУ Кочо Рацин, а збирно место се знае – врв.

Благодарение на airview.mk од настанот имаме едно одлично видео, кој не бил да види што пропуштил, а кој бил да види од птичја перспектива.

Сепак, едно многу големо прашање си поставија повторно Скопјани, колку претераната урбанизација на нашата планина нанесува долгорочни штети, зашто нашето зелено Водно се повеќе осивува, огрдува…

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=qp3QiXCUrlc[/tube]




Коментари

коментари