Категории

ВИДЕО: Скопјанецот Костадин го полуде жирито – „Ти си за медал“

Скопјанецот Костадин Петрушев (24) го остави жирито без зборови по вчерашниот настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Младиот Македонец се претстави со песни од Дино Мерлин и Тоше Проески.

-Мене ме воодушеви. Извонредна експресија, сценски настап, изглед и интонација. Момчето е за вистински медал. Секоја чест, изјавил тајниот член.

-Од мене одличен пет, изјавил Босанец, но и останатите членови од жирито биле воодушевени од неговото пеење.

-Македонија се буди. Вечерва беше најдобар од сите, го пофали Аца Лукас.

 

Прегледи:
367
Објавено на:
09.10.2016