Категории

ВИДЕО: Таа е чудо од дете-12 годишна прилепчанка ги освои сите во Пинкови Ѕвездички

Марија Костоска е 12-годишно девојче од Прилеп кое  со познатиот хит на Каролина Гочева, „Не се враќаш“, ги освои симпатиите и на жирито и на публиката во четвртата епизода на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“.

За одличната изведба таа ги доби сите пет гласа од жирито, кое прокоментира дека ова не е детско, туку сериозно пеење.

– Ова е петка затоа што не е детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е зезање. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така што на неа и ја посветувам оваа емисија, коментираше Гоца Тржан.

Јелена Томашевиќ се надоврза на пофалбите:

-Вие ни поставивте високи стандарди. Можеби некој ќе рече вака не пеат ни возрасни. Но, затоа вие сте „вундеркид“.

Настапот на талентираната прилепчанка погледнете го во продолжение.

Уживајте!


Marija Kostoska – Ne Se Vrakaš by PinkoveZvezde

Прегледи:
334
Објавено на:
20.10.2016