Категории

Видови на жив свет кои се неопходни за опстанокот на планетата

Ние, луѓето, често забораваме дека иако сме најинтелигентен животински вид, во никој случај не сме најбитен. Нашата природа има задолжено други, поодговорни видови, да го одржуваат еко-системот.

Пчели

Пчелите сње имаат многу малку променето во последните 100 милиони години, откако еволуирале прв пат. Од тогаш, имаат станато неопходен дел за здрав и растечки екосистем.

Нивната ко-еволуција како инсекти кои се поленизатори е од клучна важност на животните циклуси на огромен број на растителни видови, кои ни се потребни за нашата исхрана, за исхраната на животните на фармите и за голем дел на индустрии. Ова била мирна и взаемно полу-симбиотска врска, меѓутоа, модерното користење на пестициди во огромна мера ѝ штети на оваа симбиоза.

Фитопланктони

За генерирањето на кислород многу поголема заслуга треба да земаат океаните, отколку шумите. Всушност, фитопланктоните контрибуираат со околу 2/3 од атмосферскиот кислород.

Нажалост, накачувањето на температурите на светските води, претставува најголема опасност за фитопланктоните.

Габи

Габите доаѓаат во многу форми и големини. Некои ни ја расипуваат храната, некои, преку слични процеси, ни создаваат храна, некои се храна сами по себе, некои се лекови, некои се отровни…

Но, наједноставно кажано, габите во природата се едни од најбитните елементи за задржување на балансиран екосистем. Тие им помагаат на растенијата да апсорбираат хранливи материи од земјата, ги враќаат хранливите материи назад во екосистемот откако ќе умре животно или растение, преку нивно разградување; и создаваат подземна мрежа преку која практично „комуницираат“ растенијата.

Голем дел од габичниот свет е под опасност од истребување, поради загадување и земјоделски активности.

 

Лиљаци

Лиљаците се природни регулатори на инсекти, за разлика од пестицидите и инсектицидите, кои ги штитат растенијата од инванзивни инсекти, но и од битни инсекти, како што наведовме погоре, за пчелите. Лиљаците се добар индикатор за здрав еко систем.

Тие се под закана, повторно, од страна на антропогени фактори – губиток на природните живеалишта поради човечки градби.

 

Прегледи:
664
Објавено на:
14.05.2020