Категории

Вие ја пишувате вашата животна приказна – Потрудете се да биде убава!

Се надевам дека знаеш дека не е доцна. Никогаш не е доцна да се започнете нов живот, живот што ќе го избрете, живот што можете да го наречете свој. Дозволено е да се премислите. Да изберете друга патека, дури и ако тоа значи дека треба да започнете одново. Затоа што знаете што? Во ред е да се оддалечите. Во ред е дури и кога никој не разбира, не ви треба дозвола од никој друг освен од себеси. Гледајте, имаме само еден живот. И тогаш сето тоа завршува, па затоа е подобро да продолжиме понатаму и едноставно да го живееме. Треба да започнеме да одвојуваме време за работите што се важни. Оние мали моменти што нè прават толку проклето благодарни што сме живи. Кажете „да“ на тој ручек на кој ве покани вашата најдобра пријателка (дури и ако ви требаат два часа да стигнете таму, бидете сигурни дека и двете ќе бидете многу среќни да се видите.) Кажете „те сакам“. Прегрнете ги своите луѓе. Дајте им на знаење колку се сакани и ценети. Имаме тенденција да заборавиме дека нашиот престој тука е минлив. Кога моментите ќе завршат, тие никогаш не се враќаат, па додека се тука треба да ги зграпчиме со двете раце и да ја вкусиме секоја секунда.

Направете повеќе работи што ве насмевнуваат. Гледајте повеќе зајдисонца. Одете на плажа и почувствувајте го топлото ветре на вашата кожа. Јадете ја вашата омилена храна почесто. Секогаш порачувајте десерт. Ценете ги малите нешта. Во тешките денови, не заборавајте дека без оглед колку пати светот ќе ве скрши, тој исто така ќе ве изгради повторно. Има толку многу убави работи што се чуваат за вас некаде на патот. Знајте дека сонцето секогаш изгрева повторно и работите се подобруваат. Знајте дека животот ќе ве зачуди. Знајте дека има работи за кои сè уште немате поим што ќе го свртат вашиот свет наопаку на најдобрите начини. На крајот, ние сме нашите приказни, наши моменти, наши искуства. Ние сме секоја книга што некогаш сме ја прочитале, секое место што некогаш сме го посетиле и секоја личност што сме ја сакале. Направени сме од сите работи што не насмеале и расплакале. Ние сме збир на нашите соништа и надежи. Ние сме самите задолжени за пишување на оваа приказна. Се надевам дека ќе ја направиме убава.

Прегледи:
60
Објавено на:
20.07.2021