Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (28 – 29 АПРИЛ, 2018)

Овен 

Викендов потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Помогнете му на некој пријател кој е во неволја и дајте му некој корисен совет. Можеби комуникативноста не е вашата јака страна, но, викендов ви е потребна забава и социјализирање.

Бик

Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.

Близнаци

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошекта во природа добро ќе ви дојде.

Рак

Нема ништо поубаво од читање книга во кревет. Почнете го така викендот и ќе ги видите разликите во расположението. Доколку не сте во врска, поставете си нов предизвик – запознавање на личноста која ќе го промени тоа!

Продолжува на страна:  1  2  3

1 2 3

Прегледи:
779
Објавено на:
27.04.2018