Викендов се отвора најубавиот ресторан за свадби и прослави во Скопје

Со почетокот на овогодинешната сезона на свадби, започнува и една нова приказна која ја слави љубовта и среќата, лоцирана на само 5 километри од центарот на градот, во пријатна и тивка околина. Место создадено за оние со префинет вкус, место создадено со многу љубов каде што внимателно е одбран секој детал за да се формира една целина наречена Аликас, ресторан за свадби, а воедно и локал за секакви свечености и настани.

 

Уште на самиот влез, во надворешниот дел од ресторанот ќе ве магепса зеленилото кое го има во изобилство, каде што ќе се одржуваат свадби на отворено. Токму таму е сместен и делот за матично. Во внатрешниот дел пак, ќе ве пречека амбиент каков што отсекогаш сте замислувале за вашиот посебен ден. Почнувајќи од уникатната структура на градбата и нејзината мултифункционалност да се прилагоди на сите временски услови, подното греење и ладење во зависност од потребите, па сѐ до цветниот аранжман и декорациите на секоја маса.

 

Кристалните лустери, врвното професионално осветлување и акустичниот простор, го претвораат ресторанот во подиум за најлуда забава. Освен тоа, во Аликас е новитет тоа што постои невестински апартман за секоја невеста да се почувствува како вистинска принцеза на нејзиниот ден.

Ресторанот се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2 и е со капацитет од 250 до 400 гости. Обезбедени се паркинг-места за 100 возила, под постојан видео -надзор, како и игротека за најмалите гости. Сето ова е зачинето со вкусовите од менито на врвните готвачи, со уникатни  јадења за незаборавно гастрономско уживање.

Дозволете си хедонистичко уживање во најсреќните мигови од вашиот живот и препуштете го тоа во рацете на професионалниот тим на Аликас, за вашата свадба од соништата да се претвори во реалност.




Коментари

[fbcomments]