Категории

Викторија Бекам објави фотографии од семејството на одморот во Црна Гора (ФОТО)

Модната икона Викторија Бекам ужива на Свети Стефан со сопругот, славниот фудбалер Дејвид Бекам и нивните деца.

Иако се зборуваше дека се разведуваат, славниот британски пар го демантираше тоа со доаѓањето во Црна Гора, а Викторија поставила повеќе фотографии од својот сопруг и децата.

Таа покрај уживањето во убавините на Црна Гора, интензивно работи. Таа овие денови промовира парчиња од новата модна линија на интернет страницата и својот Инстаграм профил.