Категории

Виртуелни патувања низ светот

Виртуелни тури низ некои од најневеројатните места на планетата земја, во кои може да уживате.

Посети ги светските чуда и прошетај низ едни од најубавите национални паркови низ светот без да го напуштиш својот удобен кревет. Со оглед на тоа дека животот како што го знаеме комплетно е променет, така се промени и начиот како ги искусуваме нештата околу нас. Голем број на организации решија дека и покрај се на луѓето им е потребна дневна доза на моменти изминати во природа, па така денес можеме да го искусиме виртуелниот концепт на патување од дома. Еве кои се најинтересните тури за прошетка низ светот:

Виртуелна турнеја – чуда на светот

На 22ри Октомври ќе се одржи виртуелна турнеа посветена на 7те светски чуда во организација на студнстката асоцијација CSUN Outdoor Adventures. Настанот е предвидено да трае околу 30 минути, а за време на истиот имате и свој виртуелен водич кој е тука да ви ја посочи убавината и уникатноста на едни од најпрекрасните места во светот. Доколку сакате да бидете дел од оваа турнеа може да се регистрирате на следниот линк: https://bit.ly/33RT402

Виртуелна турнеја – Мачу Пикчу

Дознајте повеќе за Мачу Пикчу неговата историја и карактеристики преку движењето на вашето глувче и следејќи ја приказната на вашиот  виртуелен водич. Доволно е само да кликнете на веб страната  www.youvisit.com/tour/machupicchu    и приказната за ова место почнува во истата секунда.

Виртуелна турнеја – Национални паркови на Канада

Уште една од турнеите на CSUN Outdoor Adventures е токму низ најубавите Национални Паркови во Канада. Од пејсажите кои ве оставаат без здив до недопрената природа која знае да ве релаксира и одмори. Овој настан е планиран да се одржи на 29ти Октомври, а доколку имате желба да бидете дел од истиот може да се релаксирате на следниот линк https://bit.ly/3iVjTES.

За сите кои имате желба да посетите повеќе вакви турнеи и да уживате во уште многу места низ целиот свет може да ги погледните останатите турнеи на следниот линк https://bit.ly/3nDBbdr

Прегледи:
376
Објавено на:
12.10.2020