Категории

Вистина љубов – Детенце со протетичка нога има најдобар пријател куче кое има 3 шепи

(ВИДЕО) „Тоа е можност тој да им каже на другите деца: Неа и недостига нејзината шепа, исто како мене, па така се залага за себе “.

Понекогаш животот има необични начини да им ги олесни на луѓето тешките ситуации. Така седумгодишното момче Пакстон Вилијамс, кое има една протетичка нога, доби нов миленик и најдобар пријател.Тоа е златниот ретривер Марвел, која е родена без четвртата шепа. Локалната одгледувачка на златни ретривери Барб Фелт веднаш сфати што треба да стори со Марвел веднаш штом се роди со една шепа помалку, па наскоро го најде својот дом во семејството Пакстон.

Иако сите три деца од семејството Вилијамс веднаш се заљубија во кученцето, од тогаш Пакстон и Марвел се неразделни, а во тоа уживаат и родителите на момчето Стефани и Блејн.

„Тоа е можност тој да им каже на другите деца: Неа и недостига нејзината шепа, исто како мене па така самаата се залага за себе “.

Патем, Пакстон беше предвремено родено бебе, поради што доби инфекција на ногата, која се влошуваше како што растеше. Пред три години, неговите родители донесоа тешка одлука да му ја ампутираат ногата. Потоа добил протетичка нога која му го олеснила секојдневниот живот значително.

Кога Марвел ќе порасне, ќе добие и протетичка нога, исто како Пакстон, тврдат Вилијамс.

 

Прегледи:
509
Објавено на:
18.05.2021