Категории

Вистината за сродните души – Да, тие постојат!

Постојат одредени луѓе кои ги запознаваш во твојот живот и со кои се поврзуваш повеќе од со било кој друг и едноставно знаеш дека сето тоа не е нешто вообичаено, и вие се разбирате совршено. 

Сродни души? Да, тие постојат. Но не секогаш на романтичен начин.
Постојат одредени луѓе кои ги запознаваш во твојот живот и со кои се поврзуваш повеќе од со било кој друг и едноставно знаеш дека сето тоа не е нешто вообичаено, и вие се разбирате совршено.

Но таа личност не секогаш е и твоја љубов, втора половина.
Може да биде пријател, некој со кого си во крвно сродство, или можеби обичен странец кој си го запознал на железничката станица.

Затоа што сродните души најчесто се оние кои доаѓаат тивко и нечујно во твојот живот, нема нити да забележиш кога станале дел од него, затоа што имаш чувство дека биле таму отсекогаш, и ќе останат таму засекогаш, и во сите наредни животи.