Категории

Вистинската приказна за Пинокио е многу поразлична од онаа која сите ја знаеме

Сите ја знаеме приказната за малата дрвена кукла Пинокио која низ низа лудории и палавштини се обидува да заслужи да стане вистинско момче. Малку луѓе знаат дека всушнсот Дизни верзијата на оваа бајка е всушност обработка на оригиналната приказна на Карло Колоди под името „Авантурите на Пинокио“.

Оригиналната приказна тежнеела да покаже дека не е лесно да се биде родител на непослушно дете како што е Пинокио.
Неговата приказна е се само не убава.
Пинокио веднаш на почетокот на оваа приказна бил претставен како „бедно дете“ и непослушен немирко.

Тој бил опсипан со љубов но се однесувал спротивно од она што се очекувало од него.
Бегал од часови, се дружел со лошо друштво, се расправал со Гепето и бегал од дома.

Врвот на неговата безобразност во приказната, се огледува во неговите лажни обвиненија спрема Гепето, кој тврдел дека „таткото“ го злоставува поради што Гепето завршил во затвор.

Малиот инсект-заштитник кој е симбол на својата совест Пинокио на крајот го згазнува и завршува како „дамка“ на ѕидот.

Поради злоделата на Пинокио неговите пријатели, лисицата и мачката на крајот го бесат. Тие не го убиле бидејќи се работи за кукла, но секако овој чин претставува одредена казна за непослушното момче.

Писателот всушност сакал да покаже како едно немирно дете низ целата приказна страда и одговара за своите злодела.

Дизни подоцна оваа приказна ја преформулирал, создавајќи приказна за кукла која и покрај своите лудории успева со чисто и нерасипано срце да заслужи да стане момче.
Дизни приказната ја преработил во бајка со цел да биде поприфатлива и допадлива за децата со цел приказната подобро да се продаде.

Прегледи:
487
Објавено на:
05.10.2021