Категории

Вистинските борци патат во тишина – И потоа излегуваат уште посилни

Тие се затвораат во својот свет затоа што тука најинтензивно се соочуваат со самите себеси затоа што знаат дека секое јавно разоткривање може да донесе нова повреди и нов удар. 

Не мораат сите да знаат што им се случило. Не мораат сите да знаат што ги погодило. Тие се затвораат во својот свет затоа што тука најинтензивно се соочуваат со самите себеси затоа што знаат дека секое јавно разоткривање може да донесе нова повреди и нов удар. Тие во својата тишина ги лижат своите рани и ја лечат својата болка. И кога конечно ќе заздрават, излегуваат уште посилни и похрабри.

Само силните личности патат во тишина. Не треба никој да ги види, не треба некој да им оддаде признание, ним не им е потребно туѓото сожалување. Тие си поставуваат прашања само на себеси и самите ги бараат одговорите, не им треба ничие правдање.

Тие знаат да го носат теретот на времето и на другите луѓе. Гледаат многу подалеку отколку што нивниот поглед достигнува а сепак се враќаат онаму каде што припаѓаат. Тие знаат колку е тенка границата помеѓу љубовта и омразата но знаат дека кога еднаш ќе ја преминат повеќе нема да можат да се вратат на старо. Тие не ги бројат своите рани и не ги одмеруваат за потоа да им вратат исто на луѓето кои им ги нанеле.

Силните луѓе патат во тишина, затоа што само таму ја пронаоѓаат својата цврстина. Тие патат и учат лекција на која никогаш повторно не и се навраќаат. Тие не смислуваат одмазди, едноставно ја подигнуваат главата и продолжуваат од таму каде што застанале, како вистински воини.