Вистинските приказни зад стиховите на најпознатите протестни песни

Почетокот на шеесеттите години во САД, во најмала рака беше хаотичен. Низ целата земја имаше расни конфликти, додека на другиот крај од светот младите луѓе беа повредени во прашумите на Виетнам. Поради овој глобален хаос, многу уметници, во овој случај музичари, пишувале песни во кои го критикувале системот и ги осудувале војните.

Ова се некои од вистинските приказни зад стиховите на најголемите протестни песни.

Bruce Springsteen – „Born in the U.S.A.“

Веројатно многумина од вас мислеле дека се работи за патриотска песна, но вистината е сосема спротивна. Песната, всушност, раскажува за многуте пријатели на Брус кои не се вратиле од „бесмислените војни“ и за потешкотиите на оние кои успеале да преживеат.

David Bowie – „Heroes“

Едно попладне, во јули 1977 година, Боуви погледна низ прозорецот кон Берлинскиот ѕид. Пред ѕидот го виде продуцентот Тони Висконти со жена со која не смеел да биде. Ова го инспирирало да напише приказна за двајца љубовници одделени со Берлинскиот ѕид.

U2 – „Sunday Bloody Sunday“

30.01. 1972 во градот Дери се одржа мирен протест против Британците. Иако сите демонстранти биле невооружени цивили (во голема мера малолетници) Британците отвориле оган и застрелале 26 лица, 14 од нив загинаа.

The Cranberries – „Zombie“

Песната зборува за бомбашкиот напад на ИРА, кој се одржа на 20 март 1993 година во Ворингтон (Велика Британија). Ирските републиканци поставиле бомба во канта за ѓубре која, кога експлодирала, убила 2 момчиња и повредила многу луѓе.

Billie Holiday – „Strange Fruit“

На 2 август, 1930 година, тројца млади, црни момчиња биле уапсени и обвинети за убиство и силување. Иако биле невини, јавно биле обесени. Девет години подоцна, никој не сакал да ја сними оваа песна, а радио-станиците одбивале да ја емитуваат, но Били Холидеј никој не успеал да ја замолчи.




Коментари

коментари