Вистинско уживање: Целиот свет може да го слушне звукот на Охридско Езеро

Сѐ околу нас е музика, само треба да слушате внимателно. Кога ќе се соединат музиката, природата и технологијата настанува вистинско ремек-дело. Охрид и Охридското Езеро се единствени од повеќе аспекти. Не случајно токму овој град бил инспирација за многубројни уметници низ годините и се наоѓа во едно од 38-те места во светот под заштита на УНЕСКО. Со фантастична микро-клима која оневозможила да замрзне во леденото доба, езерото е дом на повеќе од 200 ендемски видови.

Нашиот докажан композитор Џијан Емин го прифати предизвикот да биде дел од музичкиот проект „Гласот на езерото“ кој овозможува да уживаме во звуците кои ги создава Охридското Езеро со само еден клик на страната http://glasotnaezeroto.mk/

Директорката на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ – Наташа Поповиќ, смета дека ова е уште еден уникатен начин со манифестацијата, која годинава се одржува под мотото „Звукот и боите на езерото“, да се упати силна порака и да се потенцира важноста од зачувување на македонскиот бисер.

„Звукот на Охридското Езеро“ е одраз на креативен творечки дух, идеален спој на технологијата, музиката и природата, а воедно е и потврда дека здружени можеме да создадеме вистински вредности. Неповторлив и магичен проект, создаден во соработка со Македонски Телеком и со еден од пријателите на Охридско лето, композиторот Џијан Емин, со што на уникатен начин се потсетуваме на богатството што го имаме“, истакнува Поповиќ.




Коментари

коментари