Вистинско време е да го подготвите организмот за периодот што следи

Вистинско време е да го подготвите организмот за периодот што следи

Светски познати нутриционисти и здравствени експерти советуваат за најдобрите методи за подготвување на вашето тело за ниски температури и заштита од вируси и бактерии. Ако ги следите овие правила, вирусите и бактериите ќе ве заобиколат.

 

Започнете со внесување на витамини во вашата исхрана

Одличен почеток е внесување на витамини во исхраната и намирници кои се богати со хранливи материи за да го зајакнете организмот за да биде во состојба да може да се справи со временските промени.

 

Физичката активност е задолжителна

Покрај исхраната, зголемената физичка активност ќе придонесе за зајакнување на имунолошкиот систем.

 

Почнете уште сега да јадете зимска храна

Храната што ќе ве стопли е одличен сојузник во борбата против вирусите и другите елементи што му штетат на здравјето. На вашата маса нека има супи, чаеви и топла овесна каша.

 

Искористете ги последните зраци на сонцето

Искористете ги овие последните неколку дена кога сонцето сјае со полн сјај за да акумулирате одредена доза на витамин Д. Овој витамин, кој е директно одговорен за добро расположение е дефицитарен во текот на зимата, а прави многу за организмот.

 

Потрудете се да имате доволна залиха на супа

Супи од зеленчук и месо се најдобриот одговор на вирусите. Најдобро би било да бидат домашни што сте ги приготвиле сами наместо инстант варијанти, затоа што на тој начин ќе внесете доволна доза на витамини и минерали.




Коментари

коментари