Категории

Витамини кои го чуваат здравјето на жените: По 40-годишна возраст, нивната употреба е задолжителна!

Овие витамини и минерали се одговорни за добрата состојба на организмот..

Витамините и минералите се од суштинско значење за организмот на било која возраст, но после 40-та година треба да ги користите редовно за да го сочувате вашето здравје и да го спречите забрзаното стареење на кожата.

 

Овие 5 се најодговорни за виталност, убавина и добро здравје:

 

Витамин Е, чувар на младоста

Тој е моќен антиоксиданс кој има исклучително позитивен ефект врз изгледот на кожата. Заштитува од негативните ефекти на стресот, но и негативните надворешни влијанија, па затоа кожата останува подолго млада и без никакви знаци на замор. Тоа е еден вид заштитна бариера помеѓу кожата и сите негативни работи што го оштетуваат нејзиниот изглед.

Покрај тоа, витаминот Е има корисен ефект врз менструалните нарушувања, репродуктивните органи, но исто така го зајакнува и имунитетот.

 

Витамин Д, го надохнадува недостатокот на сонце

Овој витамин ни го обезбедуваат сончевите зраци, а кога ќе ги снема, неопходен е внесот на витамин Д. Тој директно влијае на густината на коските и спречувањето на остеопороза, што е особено изразено кај жените. Покрај тоа, ги штити мускулите и делува против воспаление.

 

Витамин Б комплекс, обезбедува енергија на организмот

Овој комплекс е составен од 8 витамини, а повеќето имаат ефект на зголемување на енергијата, доброто расположение, добриот сон и здравиот апетит. За време на бременоста, тие играат клучна улога.

Силната коса, ноктите и блескавата кожа се резултат на внесот на овој витамин.

 

Железо, за сила

Минерал особено важен во фазата на репродукција во животот на жената. Неговата клучна улога е да се изградат црвените крвни клетки кои ги снабдуваат виталните органи и ткивата со кислород, а првиот показател за недостаток на железо е постојан замор и недостаток на енергија.

 

Цинк, за совршен тен

Има позитивен ефект врз побрзиот раст на косата и ноктите и е исто така одговорен за блескавиот тен. Многу проблеми со кожата како акни, дерматитис, како и кршливи нокти со бели дамки се резултат на недостаток на цинк во организмот.

 

Прегледи:
355
Објавено на:
15.10.2019