Визуелно намалете ја ширината на вашите колкови

Самодовербата е најубавото нешто што секоја дама може го носи на себе.

Но, сепак е ок да сакате визуелно малку да го “поправите“ изгледот на одредени делови од вашето тело.

Токму поради тоа ви нудиме неколку совети како со помош на облека да ја намалите ширината но и измените обликот на вашите бутови.

# Носете темни панталони...темниот тексас, црната и тегет бојата се ваши најдобри пријатели.
За да постигнете контраст на горниот дел облечете светло парче. Плус така ќе го тргнете вниманието од долниот дел на телото.

# Истакнете го струкот…носете тесни маици и ремени со кои ќе ја истакнете вашата тенка половина. Плус така ќе постигнете облик на песочен часовник и ќе изгледате неодоливо.

# Сукни со висок струк…тие визуелно ќе ве издолжат па ќе изгледате повисоко и потенко.

# Штикли на висока потпетица…не се удобни, но функционираат. Колку се повисоки штиклите толку ви се подолги нозете, а со тоа и потенки.

 




Коментари

[fbcomments]