Категории

Вкус кој се памти: Потпечени тиквички со кашкавал и домат! (РЕЦЕПТ)

Потпечените тиквички во рерна со домат и кашкавал се најдобар начин да направите вкусно јадење кое ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Состојки:

  • 4 тиквички
  • 4 домати
  • 150 гр павлака
  • 150 гр кашкавал
  • 2 чешниња лук
  • масло за подмачкување
  • сол
  • мирудија
  • зачини по желба

Подготовка:

Доматот и тиквиците измијте ги и исечете на тркалца, па посолете ги и оставете десетина минути. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, па наизменично редете ги тиквиците и доматите.

Зачинете со мирудија и зачини по желба. Лукот ситно исечкајте го, па помешајте го со павлака и додадете малку сол и мирудија. Промешајте, па премачкајте преку тиквиците и доматот. Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, па ставете го над подготвеното јадење.

Печете во рерна загреана на 180 степени, 45 минути.

Јадењето послужете го топло.

Прегледи:
37
Објавено на:
15.09.2021