Категории

Вкусен чоколаден десерт кој вреди да го пробате

Постапката за добро познатиот десерт „топло-ладно е во секој случај лесен и сега секој може да го направи дома.

За тоа ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • 6 лажици брашно
  • 125гр путер
  • 100гр темно чоколадо
  • 400гр Млечно чоколадо
  • 2 жолчки
  • 2 цели јајца
  • 100гр шеќер во прав

FIC_0180

#1 Чоколадото и путерот ги ставате да се растопат на пареа.

FIC_0183

#2 Откако ќе се растопи чоколадото го тргате од рингла и го додавате шеќерот на три пати, a во меѓувреме мешате со жица за подобро да се спои.

FIC_0185

#3 Откако ќе се подолади ги додавате и јајцата едно по едно мешајќи со жица. Потоа, го додавате брашното и мешате се додека смесата не се соедини. Наполните ја смесата во калапи за топло ладно и оставите ја да се олади.

FIC_0197

#4 Додека се лади, вклучете ја рерната 220 степени. Печете во загреана рерна од 8-11 минути. После 8-мата минута ќе го пазите внимателно – ќе се формира круг на врвот на колачето што ќе наликува на непечено. Откако ќе се затврои тој прстен и ќе формира тенка кора, веднаш ги вадите калапите, не ги оставајте да стојат во рерна зошто ќе ви се стврдне колачот. Сервирајте го веднаш за да добиете течна внатрешност што ќе се растече.

FIC_0227

Прегледи:
588
Објавено на:
21.10.2016