Категории

Вкусен, здрав и едноставен: Ова е десертот од соништата! (РЕЦЕПТ)

Доколку и вие сте од оние луѓе кои сметаат дека оброкот не е целосен без десерт, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој предлог за десерт во чаша! Кога последен пат сте јаделе здрав пудинг?

Љубителите на здрава храна веднаш ќе се сетат на вкусниот чиа пудинг, па ако досега не сте направиле сега е вистинското време да го вкусите.

Состојки:

• 400 мл течен јогурт
• 4 лажички чиа семки
• 1 лажичка мед
• 3 лажички просо или ориз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille (@pernille.thyrring) on


За прелив од шумско овошје ќе ви биде потребно:

• 150 г смрзнато шумско овошје, а може и друго овошје како калинка или малини
• 1 лажичка мед

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pernille (@pernille.thyrring) on


Подготовка:

  • Во сад помешајте ги сите состојки и оставете ги преку ноќ во фрижидер
  • За прелив од шумско овошје: шумското овошје ставете го во сад и додадете лажичка мед и загревајте додека не проврие. варете додека не добиете прелив со посакуваната густнина, а потоа оставете смесата да се олади.
  • Во чаша ставете 2-3 лажички чиа пудинг
  • Потоа додадее 1 лажичка прелив и така продолжете да додавате додека не ја наполните чашата.
Прегледи:
717
Објавено на:
17.01.2019