Вкусна и здрава овошна салата од калинки (РЕЦЕПТ)

Овошна салата во портокал, зачинета со сируп и рум е одличен десерт за студените зимски денови.

Оваа вкусна овошна салата ќе ви ја задоволи вашата желба за слатки, а истовремено ќе го зајакне вашето тело со многу витамини. Многу лесно се подготвува и изгледа многу декоративно.

 

Состојки:

  • 2 портокала
  • 200 гр. јагоди
  • семе од калинка

 

За сируп:

  • 100 мл. вода
  • 3 лажици шеќер
  • 50 мл. рум
  • 1/3 лажица цимет

 

Можете да го прилагодите односот на овошјето во салатата, а покрај јагоди, можете да додадете и друго омилено овошје – на пример, оваа салата може да се направи и со киви и банана.

 

Како да ја направите овошната салата во портокал?

Загрејте ја водата со циметот и шеќерот додека шеќерот не се растопи целосно, па оставете малку да се излади и додадете го румот.

 

Портокалите исечете ги на половина и нежно извадете ја пулпата со помош на лажица, а потоа исецкајте ја на парчиња. Исечете ги исто така и јагодите и комбинирајте ги со портокалите и семето од калинка. Истурете ја смесата во половината од портокалот и пелијте ја со сирупот.




Коментари

[fbcomments]