Вкусно: Крем салата од песто сос, домат и тестенини! (РЕЦЕПТ)

Овој оброк може да биде послужен како ладна салата со тестенини и зеленчук или како главен оброк со топли тестенини. Рецептот се прилагодува на вашиот вкус и расположение. Може да биде и многу евтино јадење доколку ги направите сами главните состојки.

Состојки:

  • 250 г тестенини
  • 2 лажици песто сос од босилек
  • 1 чаша кисела павлака (2 дл)
  • 100 г фета сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 полни лажички исечкан сув домат
  • 1 шолја свежи листови од босилек
  • сол и бибер

Напомена: Ако е фетата многу солена, не ја солете водата за тестенините. Во чинијата измешајте го пестото, павлаката и маслиновото масло. Во оваа мешавина додадете ги сварените и оладени тестенини. Додадете го фета сирењето, исечканиот босилек и сувиот домат. Сето тоа измешајте го и послужете како брз ручек, салата или прилог.




Коментари

коментари