Категории

Вкусот на Мексико: Како се прави мексиканскa салата? (РЕЦЕПТ)

За подготовка на мексиканска салата ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 2 глави кромид
  • 3 црвени пиперки
  • 3 зелени пиперки
  • 100 гр пченка
  • 300 гр црвен грав
  • Чили, Табаско сос
  • Масло и оцет


Подготовка:

Кромидот, црвената и зелената пиперка исечете ги на ленти или коцки. Гравот, доколку е од конзерва, треба да се загрее. Во гравот додадете ја пченката, потоа зачинете со чили сос по потреба.

Измешајте го зеленчукот со гравот, додадете масло и оцет, измешајте и зачинете по потреба. Салатата потоа треба да ја ставите во фрижидер, најмалку 20 минути, бидејќи се служи ладна.

Добар апетит!

Прегледи:
250
Објавено на:
14.12.2018