Владо Јаневски во еден глас со публиката во Античкиот театар прослави јубилејни 25 години соло кариера

Владо Јаневски со концерт каков што доликува на ѕвезда, го одбележа јубијелот од 25 години соло кариера. 

Во организацја на Авалон Продукција, по пауза од речиси 10 години, чаирскиот романтичар одржа концерт на отворено во Античкиот театар.

Во дво-часовниот концерт, тој еден глас со публиката тој ги отпеа неговите најголеми хитови и докажа дека неговите песни се безвременски и засекогаш врежани на македонската музичка сцена и во срцата на речи си секој македонец.

 

Ја разигра публиката со неговите поживи песни, но и насолзи многу очи со едни од најромантичните песни некогаш испеани кај нас, кои и му го донесоа прекарот чаирскиот романтичар.

 

 

Благодариме #владојаневски #vladojanevski за прекрасниот концерт во таа магична летна ноќ во Охрид! Античкиот театар беше исполнет со твоите верни фанови и заедно со тебе и твојот бенд уживавме два и пол часа со најубавите безвременски љубовни песни. Ги повикуваме сите кои беа таму да постираат слики и видеа со соодветни тагови, за да не се заборави како изгледа кога Владо со својот бенд ќе ѝ се даде 100% на својата публика и ќе ни создаде незаборавни спомени! @avalonprodukcija #vitaminkaprilep #astracasino #admiralcasino

A post shared by Oficijalna stranica na fanovi (@vladojanevskifanklub) on




Коментари

коментари