Влажни марамчиња- Знаете ли како настанале?

81ab4b9c-bfad-4da9-aef1-ddadb85c767b-2060x1236

Влажните марамчиња денес се потреба и неодминлив дел од нашето секојдневие. Ги имате во вашата кујна, може да ги најдете( ако се потрудите) во секоја женска чанта, омилени им се на мајки со бебиња, дома, на работа, насекаде со вас. За чистење на шминка, на сладолед од устата на вашиот немирко, за чистење на вашиот лаптоп, па и на вашиот автомобил. Дури и канцеларии, трговски претпријатија и индустриски објекти вклучуваат влажни марамчиња во нивната листа на средства за чистење. Факт е, овие малечки парчиња за еднократна употреба, станаа неопходност во нашите животи. Но, како настанале?

Некако вид на марамчиња за еднократна употреба се користеле многу одамна. Во времето на стара Грција и Рим, постоело нешто помеѓу салфетки и марамчиња. Тие се користеле за време на ручек, и биле со неколкукратна употреба. Тие биле направени од платно од лен. Во 17 век во Франција, марамчињата биле многу елегантни. Направени од чипка и украсени со светкави камења биле вистинска привилегија за користење. Во 18 век се изработувале во најразлични бои, а дотогаш само во бела боја. Во тој период, Марија Антоанета го убедила Луј 16 да донесе закон со кој ќе се наложи марамчињата да имаат исклучиво правоаголен изглед.

Makeup1-620x350

Едни од првите влажни марамчиња се направени во 1950 година од компанијата Nice-Pack од Висконсин, Сад, и биле наменети за чистење на нежната бебешка кожа. Малку подоцна, во 1970 година, компаниите Kimberly-Clark и Procter & Gamble се првите кои што почнуваат да ги произведуваат овие марамчиња што и денес ги користиме. До 1990 година голем борј ланци на продавници почнуваат со сопствено производство на влажни марамчиња.

Денес, тие се составен дел од нашето секојдневие. Без нив не може да се замисли ниту едно патување, ручек, тие се најдобар пријател на сите ново печени родители, сојузник против шминката секоја вечер пред спиење, како добро утро и добар ден. Влажни марамчиња, среќни сме што ве имаме!




Коментари

[fbcomments]