Внесете посебна енергија во вашиот дом преку изборот на боја при уредувањето

Новиот дом означува нов почеток, нови цели, нови навики. За да се чувствувате комплетно опуштено и комфорно, потребно е да создадете дом по ваша мерка.

Покрај квалитетната градба и изгледот на просторот, од особено значење е целокупниот ентериер односно боите кои преовладуваат во него. Се верува дека секоја боја има своја енергија и дека треба да го имате на ум тоа при уредувањето на вашиот животен простор.

Становите во DDS Building се проектирани да се искористи најдобро што може просторот без разлика која квадратура ќе ја изберете, а во продолжение ви предложуваме комбинации на бои за уредување на вашиот стан.

Портокалова – авантура, свежина, младост, креативност

Забавна и енергична боја која веднаш остава впечаток на свежина е идеална  да ви внесе креативност и забава во вашиот дом.

Жолта – оптимизам, среќа, игривост

Свежа боја која внесува игривост во просторот. Како сонцето таа ќе ви го разведри секој ден доколку обоите дел од вашиот дом со оваа среќна боја.

Зелена – Природа, виталност, престиж и богатство

Во зависност од која од палетата на зелени би ја искористиле, енергијата е различна. Од свежите пастелни бои кои внесуваат живост во просторот, до темните тонови кои вибрираат со престиж и луксуз.

Сина – комуникативност, доверливост, смиреност

Смиреност и хармонија ќе внесете со сината боја во вашиот дом. Бојата која потсетува на небото или морската ширина ќе го освежи просторот и ќе ви внесе вистинско уживање.

Виолетова – величенственост, духовност, мистериозност

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on

Светлите тонови од виолетовата боја се женствени и сентиментални, додека потемните нијанси зрачат со мистериозност и луксуз.

Кафена – природа, едноставност, искреност

Кафените нијанси се својствени за дрвото кое се користи во мебелот, но во комбинација со останатите бои ќе создадете дом кој ќе зрачи со енергија која одговара на вашиот карактер.

Црвена – возбуда, енергија, страст

За смелите луѓе кои го живеат животот со многу енергија, црвените елементи во домот ќе одговараат на вашиот карактер и ќе внесат посебна страст во вашиот дом.

Розова – романтичност, женственост, младост

Карактеристична за употреба е кај младите, но употребата на оваа боја ќе внесе женственост и романтичнот во просторот. Ќе создадете пријатен простор во кој секој ќе се чувствуа убаво.

Црна – софистицираност, формалност, луксуз

Луѓето кои сакаат едноставност, но се воедно смели ќе ја вметнат црната боја во својот дом. Секогаш зрачи со луксуз и со софистициранот, па така, нема да погрешите доколку во вашиот дом таа биде доминантна боја.

Бела – чистина, едноставнот, минимализам

Љубителите на едноставност од својот простор ќе создадат минималистички рај со употребата на бела боја. Чистина и јасност во секој момент од вашето секојдневие преку употребата на бела боја.




Коментари

[fbcomments]