Внесете пролет во вашиот дом: Еве како правилно да негувате нарциси во дворот за среќа!

Нарцисот е едно од првите пролетни цвеќиња кои се појавуваат во градините: колку е потопол пределот, толку побргу процветуваат. Не е реткост да ги пронајдете процветани и во февруари. Постојат речиси 200 видови на нарциси и 25.000 хибриди. Што значи, нарцисите никогаш не може да ни здодеат.

Симболизираат среќа

Кинезите го сметаат особено добар знак цветањето на нарцисите во февруари, за нивната Нова Година. Официјално станува збор за цвет кој се подарува за десеттата годишнина од брак.

Доколку имате во куќата нарциси во тегла, внимавајте – светот, но и сите останати делови од билката се отровни. На ниедно диво животно како што е верверичката нема да и се случи да се збуни и да го изеде цветот. На невнимателните домашни миленичиња, како што е кучето може да му се случи таква грешка  која може да создаде многу проблеми. Симптомите на труење се гадење, повраќање и дијареа.

Доколку сакате да ги ставите во вазна со друго цвеќе, најпрво треба да ги држите 24 часа во вода, токму поради отровот кој го содржат, а го има и во желатинот кој се појавува кога ќе го пресечете стеблото.

Меѓутоа, без проблем може да ги засадите меѓу други пролетни цвеќиња – зумбули, шафрани, лалиња.

Нарцисите се едни од цвеќињата кои најлесно се одгледуваат и секоја година се појавуваат во градината на истото место каде што растеле минатата година.

Нарцисите се како мечки: им треба зимски сон. Цветовите треба да презимат неколку месеци на ниска температура за да се подготват за пролетното растење. Кога ќе го почувствуваат пролетното сонце, излегуваат од земјата. Доколку ги имате во домот, зимно време ставете ги на некои ладно место.




Коментари

коментари