Внимавај, лошото кое го гледаш кај другите понекогаш може да е твојата вистинска природа

Сето она зло кое што го гледаш кај другите, понекогаш знае да биде твојата вистинска природа која се одразува врз нив. Огледало во кое ја гледаш верзијата на себеси која никогаш не би сакал да ја видиш.

Позната е приказната за жената која секој ден ги гледала валканите алишта на својата сосетка се до мигот кога нејзиниот сопруг еднаш не ги избришал прозорците од нивната куќа, па тогаш сфатила дека всушност проблемот не бил во облеката на сосетката дури во нејзиниот нечист прозорец.

Колку често го забележуваме само лошото кај другите, ни оди на нерви нивното однесување, секој нивен збор, движење, поглед, всушност се што се однесува на нив. И тука започнува нашето мачење ако сме присилени да живееме со таква личност, ако немаме можност на избор на друг живот. Тогаш секој ден ни е упропастен затоа што сето она кое другите го прават или не прават, се одразува на нашата внатрешна реалност во која нема мир.

Сето она лошо кај другите е симптом на нашата реалност, затоа што другата личност можеби истото нешто не го забележува или не сака да го види на начин на кој ние го гледаме истото. Тоа може да е повик за помош од нашата внатрешност во која се наоѓа некој нерешен конфликт или рана, или повик на некоја наша неостварена желба или амбиција која бара исполнување.

Потребно е многу храброст за да се признае она што се наоѓа во нашата душа не е под наша контрола и многу нешта не се онакви какви што посакуваме да бидат. Мирот доаѓа тогаш кога ќе сфатиме и ќе се прифатиме себеси онакви какви што сме.




Коментари

[fbcomments]