Категории

Внимавајте! Колку алкохол смеете да пиете на неделно ниво?

Повеќе од 100 грама алкохол неделно е опасно по здравјето, наведуваат епидемиолозите и стручните лица за јавно здравје во студијата за еден медицински магазин.

Тоа е десет чаши неделно – од по 2,5 децилитри пиво, или по 1 децилитар вино, или по 0,3 децилитри жесток пијалак. Во студијата се наведува дека секоја чаша над препорачаните 10 чаши во неделата, го скратува животот за 15 минути.

Научниците укажуваат и на тоа дека многу земји се благи во советите за умерено консумирање на алкохол и предупредуваат дека е потребно да се соопштуваат повеќе препораки за опасноста од алкохол.

Франција е една од најстрогите земји бидејќи не препорачува повеќе од 10 чаши алкохолни пијалаци неделно. Белгија дозволува 21 чаша за мажи и 14 за жени, а Швајцарија препорачува мажите да не консумираат повеќе од 10 до 15 чаши.

Прегледи:
172
Објавено на:
13.04.2018