Категории

ВНИМАВАЈТЕ: Поради оваа грешка бањата ви е полна со бактерии

Знаете дека од најиритантни работи кога ќе почнете да живеете со партнерот е спуштање, односно подигање на даската на веце шолјата.

Научниците сега откриваат зошто луѓето се во право кога се жалат на крената даска и зошто задолжително треба да ја спуштите, заедно со капакот.

–Кога нема да го спуштите капакот на веце шолјата пред да ја пуштите водата, бактериите се распрскуваат низ целата бања – вели професор по микробиологија доктор Чарлс Герба.

Со повлекувањето на вода на отворената веце шолја бактериите се распрскуваат во воздухот и преминуваат на другите површини во бањата, вклучувајќи ја и четката за заби, пешкирите, па дури и на ѕидовите.

Научниците предупредуваат дека со тоа значително се зголемува ризикот од вируси и нови вируси и пренесување на другите луѓе.

–Секој пат кога ќе ја пуштите водата, таа под притисок прска наоколу. Кога тоа ќе се случи сите микроби може да се пренесат на околните површини – вели научникот Џејсон Тетро.

Се верува дека просечна личност дневно повлекува вода барем шест пати, а се верува дека честичките на вода од веце шолјата заедно со бактериите може да контаминираат површина од околу 25 сантиметри околу, а во воздухот се задржуваат и до еден час.

Значи, едноставно спречете го тоа така што ќе го спуштите капакот на веце шолјата пред да повлечете вода.

Прегледи:
735
Ознаки:
· ·
Објавено на:
17.07.2018