Внимавајте што јадат вашите миленичиња: Кучињата не смеат да јадат грозје, кромид и лук

Во оваа новогодишна сезона внимавајте вашите миленичиња да не јадат иста храна која ја јадете и виде. Кромидот и лукот содржат тиосулфати, кои можат да предизвикаат хемолитичка анемија кај кучињата, што резултира со крварење, па дури и смрт…


Чоколадото е богато со теобромин, на кои кучињата се многу чувствителни, ова може да предизвика сериозно труење и оштетување на нервниот систем. Симптомите на труењето се исти како и при труење со кофеин. Кафе и чај, како и други пијалаци кои содржат кофеин се строго забранети. Дури и мали количини можат да предизвикаат возбуда, болки во стомак, повраќање, дијареа, тешкотии при дишење и сл. Алкохолот е, исто така, строго забранет.

Грозје и суво грозје се, исто така, токсични за бубрезите на вашите миленичиња. Не се препорачува ниту авокадо, ниту магдонос. Торти и десерти имаат големи количини на шеќер, кој не може да биде адекватно метаболизирани, што може да доведе до дијареја, дијабетес и смрт.

На листата на забранети јадења се солени закуски и чипс, бидејќи на долг рок можат да доведат до проблеми со бубрезите. Свинско месо и масти се особено опасни за мачките, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на панкреасот.




Коментари

коментари