Категории

Внимавајте што правите на Бадник- некои работи на овој ден одлучуваат за вашата судбина

Наближува најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

-На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено.

-Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе.

-На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ.

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година.

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
925
Објавено на:
04.01.2018