Категории

Во 2019 година ќе имаме 9 продолжени викенди

Во 2019-та ќе имаме 7 продолжени викенди поради државни празници, односно 9 продолжени викенди заедно со верските празници кои ги празнуваат христијанските верници.

Првото патување може да го планирате за „Божиќ“.  Тогаш имаме продолжен викенд од три споени денови.

Вториот продолжен викенд е за „Велигден“ кога заедно со викендот имаме четири неработени денови .  Овој продолжен викенд  е последниот викенд во април. Петок е неработен само за православните верници, а понеделник за сите граѓани на Македонија.

Денот на словенските просветители „Кирил и Методиј“ е 24 мај и тој се празнува пред викенд со што го добиваме третиот продолжен викенд.

„Разан Бајрам“ следната година се празнува на 4 јуни – вторник.

Следниот, петти продолжен викенд е за верскиот празник „Духови“ кои следната година година според верскиот календар се празнува на 14 јуни – петок.  Овој ден е неработен само за православните верници во Македонија.

Државниот празник „Илинден“ следната година се паѓа во петок. Тоа е шестиот продолжен викенд за 2019 година.

„Денот на независност на Македонија  – 8 септември“  следната година се паѓа во недела со што преместува за понеделник (9 септември) и тоа е седмиот продолжен викенд во годината.

„Денот не револуционерното востание“  се празнува на 11 октомври и истиот следната година се паѓа во петок со што граѓаните го добиваат осмиот продолжен викенд.

Деветиот продолжен викенд  е Денот на словенски писател и просветител, Климент Охридски. Овој државен празник се паѓа на 8 декември (недела) и истиот се преместува за понеделник. Со тоа се добива деветиот продолжен викенд.

Прегледи:
449
Објавено на:
26.10.2018