Во Амстердам ќе се вози на бензин или дизел само уште 10 години!

Во Амстердам сериозно ја сфатиле еколошката состојба која секојдневно станува се полоша и затоа одлучиле да ја забранат употребата на возила кои користат бензин и дизел. Планирано е до 2030 година сите автомобили да се заменат со нови возила кои ќе бидат хибридни или на електрични агрегати.

Амстердам многу брзо ќе започнат со воведувањето на оваа одлука, затоа што од 2020 година во овој град ќе забранат движење на возила постари од 15 години. Исто така, во 2020 година сите автобуси во Амстердам ќе мора да бидат или хибридни или на електричен погон.
Се предвидува и во периодот до 2025 година да бидат изградени помеѓу 16 000 и 23 000 станици кои ќе овозможуваат хибридните и електрични возила да се наполнат со енергија.
Ова не е единствен град каде што ќе се примени таква еколошка политика. Се повеќе земји полека ги исфрлаат од употреба класичните автомобили, а посебно дизел возилата кои се најголеми загадувачи.

Авто компаниите како Тесла се обидуваат електричната технологија да ја направат подостапна и ефитина и да обезбедат автомобили кои ќе бидат ефективни како и класичните автомобили, но ќе бидат „чисти“ и нема да ја уништуваат планетата.




Коментари

коментари