Категории

Во библиотека во Турција на читателите им прават друштво преслатки мачки

Во библиотеката во Бурса, Турција, мачките се дружат со читателите, и тоа секако не е невообичаено за оние кои ги знаат обичаите во таа земја.

Кога станува збор за Турција, големата љубов кон животните е повеќе од очигледна, особено кон мачките. Низ целата земја, мачките може да се видат како слободно шетаат по улиците, кафулињата, продавниците… Исто така, често им е дозволено да влегуваат во училиштата, а има и хотели за мачки. Мачките на Аја Софија се исто така добро познати. Поради сето тоа, не е изненадувачки што постои библиотека во градот Бурса во Турција, каде што корисниците можат да ги читаат своите омилени книги во друштво на мачки.

Оваа библиотека е изградена во 16 век, и бидејќи луѓето на таа локација се грижеле и за мачките порано, самата библиотека го носи името на тие животни. Мачките слободно се движат во библиотечниот простор без никакви ограничувања, а Центарот за грижа за напуштени животни на општина Османгази е задолжен да се грижи за нив.

Прегледи:
43
Објавено на:
17.04.2021