Категории

Во брак сме 12 години и никогаш не сум доживеала оргазам. Дали е доцна сега да му признаам?

Уживам во сексот со својот сопруг, во поголемиот дел од времето, но едноставно никогаш не сум доживеала оргазам, признал една жена и побарала помош.

Таа никогаш не доживеала оргазам со својот маж, веќе 12 години, а сега мисли дека е предоцна да му каже. Раскажала како повеќе пати лажела бидејќи и било премногу непријатно да каже дека не го достигнала врвот на возбудата.

Сексолозите советуваат дека не мора да му каже.

– И понатаму може да го ставите акцентот на вашето уживање и да доживеете прв оргазам, а да не му признаете. Обидете се првиот оргазам да го доживеете сама, а потоа кажете му на сопругот што ви се допаѓа.

Поделете нешто позитивно, а потоа бидете јасни дека сакате нешто поинакво и побарајте промена. Наспроти размислувањето дека насочувањето на партнерот може да му ги повреди чувствата, многу мажи се изјасниле дека сакаат да добиваат насоки од своите партнерки.

Исто така, поминувањето повеќе време во предигра е многу важно, најманку 20 минути, вклучувајќи ја и стимулацијата на клиторисот.

Прегледи:
410
Објавено на:
27.10.2021