Во чест на Пол Вокер: Вин Дизел ја именуваше ќерка си Полина

Вин Дизел, кој заедно со покојниот Пол Вокер беше дел од франшизата „Fast & Furious“, на вчерашното гостување во емисија на NBC откри дека неговата тукушто родена ќерка го добива името Пoлина, во чест на неговиот пријател Пол.

„Не мислев на друга личност освен Пол кога ја сечев папочната врвка. Знаев дека тој е таму и ова е начин за зачувување на спомените за него како дел од мојата фамилија и дел од мојот свет“, изјави Дизел.

Полина е трето дете на Дизел и Палома Хименез, неговата долгогодишна девојка. Тие се родители и на Ханија Рилеу (6) и 4-годишниот Винснет Синклер.

 

Вин и Полина

 

”Furios 7”, филмот што го снимаше Пол Вокер кога умре во 2013-та година, ќе ја доживее својата светска премиера во петок, 3-ти април.




Коментари

коментари