Категории

Во четврток стартува новата сезона на Бизнис Кафе Македонија

Овој четврток (24-ти ноември) со почеток од 18:00 часот, во кафе-бар “Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 20-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.

Со овонеделното “кафе“  воедно стартува и новата 4-та по ред сезона на овој единствен нетворкин настан кој има за цел да мотивира и инспирира деловни успеси и нови бизнис-соработки.

Овојпат, како гости-говорнци кои со посетителите ќе ги споделат своите животни и бизнис приказни доаѓаат:

  • Г-дин Венкo Андоновски, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар…
  • Г-ѓа Емилија Филдишевска, туристички работник, сопственичка на компанијата “Македонија Травел“ – една од водечките компании за туристички услуги во Македонија ; и
  • Г-дин Николче Мицевски –  композитор, автор, инструменталист, хармоникаш и клавирист.

Ако сакте да чуете нови бизнис-искуства, да дознаете кој бил рецептот за успех на нашите гости или едноставно само да се дружите и да запознаете нови деловни контакти, резервирајте си ја вашата карта на “Купи карти за се“ преку овој ЛИНК, или со испраќање на    e-mail на следната адреса: [email protected]

Главни покровители на 20-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Бизнис Кафе Македонија е дел од франшизата Бизнис Кафе која потекнува од Хрватска, а Скопје, заедно со Загреб, Белград, Сарево, Подгорица и Љубљана досега бил домаќин на повеќе од илјада бизнисмени-стопанственици, врвни менаџери и стартап ентузијасти кои заедно биле дел од некое од претходните изданија и учествувале во стотиците зделки договорени како резултат на остварената бизнис-дружба во неформалната и опуштена атмосфера.

Прегледи:
282
Објавено на:
22.11.2016