Категории

Во Јапонија црешите се садат поради цветот, а не плодот: Еве зошто овој народ го обожава овој цвет!

Цветањето на јапонските цреши во Јапонија е една од главните атракции во земјата.

Кога богот на планините му предложил на Нинги, внукот на богот на сонцето, да се ожени со една од неговите две ќерки, решил доколку Нинги прифати да му ја даде постарата ќерка, Високата Карпа бидејќи така нивниот живот ќе биде вечен и цврст како камен.

Доколку сепак се одлучи за помладата, Процветана, животот на нивните деца ќе биде преубав, но краток како сакура – цветот на црешата. Нинги ја избрал Процветана и станал предок на јапонските императори.

Тоа е само легенда, а реалноста е поинаква. Јапонците секоја година, гледајќи во убавината на единствената билка, размислуваат за тоа дека сѐ што е убаво не е вечно, а животот е минлив и краток. Исто така, веруваат дека иако цветот од црешата е многу убав но трае кратко, ја симболизира слабоста на животот и неговата минливост.

Сакура се сметаат розовите стебла од родот цреши од кои поголемиот дел имаат чисто декоративна функција. Постојат 16 видови на сакури и повеќе од 400 негови сорти, а во Јапонија не се одгледуваат поради плодот, туку поради цветот. Иако црешите може да се најдат на југот од северната хемисфера, во Кина, Кореја, Хималаите, поголемиот дел од стеблата од овој вид потекнуваат од Јапонија.

Цветањето на сакурите е една од главните атракции за која доаѓаат милион туристи за да се уверат со сопствени очи во магијата на пејзажот. Цветањето на сакурите за Јапонците е празник кој го нарекуваат Ханами.

 

View this post on Instagram

 

Imagine taking a relaxing train ride with your friends or family through a beautiful countryside full of breathtaking cherry blossoms, and than going on a picnic under the Sakura trees. Wouldn’t that be a perfect way to spend a spring day? ⁣ ⁣ Tag your friends who you would take with you here!⁣ ============================⁣ 📷 Photo by @kuuto1469⁣ ============================⁣ ➱ Features: Tag us in your photos and use #japanko_official⁣ ============================⁣ #yunokamionsen #yunokami #shimogo #fukushima #fukushimagram #fukushimaprefecture #visitfukushima #japan #japan_vacations #japan_focus #japanese #japan_of_insta #japannation #japan_daytime_view #cherryblossom #cherryblossoms #cherryblossomtree #cherryblossomseason #cherryblossomjapan #sakura #japannature #japannaturelovers #japannaturephoto #japanrural #japangarden #japangardens #japangardencity

A post shared by Japanko Official (@japanko_official) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selvia Yohana Haryanto (@selvia_haryanto) on

Прегледи:
321
Објавено на:
03.05.2019