ВО НЕДЕЛА НА ШКОЛКА, ГОЛЕМ ХЕПЕНИНГ ЗА ПОДОБАР СВЕТ „ПРАВИМЕ ДОБРИ ДЕЛА И РАСТЕМЕ ЗАЕДНО“

На 14 април (недела) на Школка во Градскиот парк, со почеток во 10:30 часот ќе се случи најголемото и најблагородно дружење кај нас со цел ширење на добрина и хуманост.

Настанот со име „Правиме добри дела и растеме заедно„ е во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.

Имено, веќе трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено месец април е посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна но сепак слична.
Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.
Голем број на компании и институции несебично ја даваат својата поддршка за организација на овој настан верувајќи дека инклузијата и добрината се единственото што може да го направи светот поубаво место за живеење.
Ги повикуваме сите наши сограѓани во сабота од 10:30 часот да дојдат во Градски Парк на Школка, да ни се придружат и сите заедно да испратиме порака за сплотеност, заедништво и добрина!




Коментари

коментари