Во Охрид на неверојатна локација, нè очекува перформанс и спектакл на летото

Сезоната на добра забава започна одамна, а во текот на месец август, истата ја збогатува перформанс и музичко искуство раководено од диригентска палка, а дополнето со електронски и звук од плоча и на локација во срцето на градот на УНЕСКО – Охрид. Дали сте подготвени за неверојатно музичко патување?

На 2-ри Август, од 22 часот, во Античкиот театар, ќе се одржи настан кој ја носи титулата „спектакл на летото”. Првиот четврток од топлиот месец, август, ветува ведро небо и посебна, непозната димензија за која заслужни се Juan Atkins и Македонската филхармонија предводена од маестро Џијан Емин, за почеток, а за крај на забавата, името Jeff Mills и неговиот ДЏ сет на плажата Парк.

Претстојниот настан кој ќе ја однесе публиката до позитивно лудило и возбуда каква не доживеале, е навистина предизвик. Целата енергија ќе биде преточена од сцената па сè до последниот ред на аудиториумот. Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909 поддржани од музичката платформа NEULAND се вистинско освежување за клупската и алтернативна сцена во Македонија. Како дел од овој тим, можам да кажам дека сонот кој го имам за револуционерен, прогресивен звук и убаво чувство кај сите љубители на квалитетниот ноќен живот, полека но сигурно се реализира. Имам добро претчувство за 2-ри август и едвај чекам да видам бројни насмеани, расположени и раздвижени лица”, вели Огнен Узуновски Оги, пренесувајќи ги очекувањата за летниот спектакл.

Ако се уште не знаете каде да ја поминете вечерта, Античкиот театар и плажата Парк, нудат едно патување кон неверојатното, историското, нов свет на класичниот призвук со електронската музика и уметничко дело од светски размери.




Коментари

коментари