Во општина Карпош се оформи фудбалски клуб за млади категории- АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ- КАРПОШ

Во општина Карпош се оформи уште еден фудбалски клуб за млади категории од 5 до 14 години, кој ке биде под капата на Академија Пандев, Фудбалски клуб АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – КАРПОШ.

Во овој клуб децата ке го развиваат спортскиот и колективен дух, нивниот правилен психофизички развој и пред се формирање на здрави личности.

Ова е само уште еден доказ, потврда и признание за исправноста на вложувањето во иднината на нашиот фудбал, од страна на капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев и за тоа дека посебно внимание посветува за развојот, масовноста, популаризирањето и промовирањето на фудбалот кај младите.

Тренинзите ке се одржуваат на фудбалското игралиште на Локомотива во населба Карпош.




Коментари

коментари