Во оваа боја на облека изгледаме најпривлечно и најинтелигентно!

Докажано е дека делува позитивно на спротивниот пол и поголеми се шансите да добиете работа доколку ја изберете оваа нијанса за прво појавување или запознавање.

Според неодамнешните истражувања, постои една боја која не само што не прави посексапилни, туку кога ја носиме делуваме попаметно. Она што е најдобро кај таа боја е тоа што: ве прави послаби, безвременска е и едноставно одговара на сѐ. Станува збор за црната боја.

Многупати сме прочитале дека црвената боја најмногу паѓа во очи, но изгледа дека црната стана новата црвена. Според истражувањата на една британска компанија, која анкетирала повеќе од 1000 луѓе, 45% рекле дека црната боја е поврзана со самодовербата, интелигенцијата и привлечноста. На последно место била розовата боја – само 5% се изјасниле дека најдобро изгледаме во розово издание.

 

Истражувањето исто така открило дека 66% од жените со задоволство сакаат да ги гледаат мажите во црно. И мажите преферираат црна боја на облеката кај жените.




Коментари

коментари