Во оваа земја на жителите им е дозволено да прават сѐ што ќе посакаат!

Сакате да преспиете на планина, да пливате во било кое езеро, да одите пеш, да возите велосипед, автомобил, да кампувате на било кое земјиште без дозвола на сопственикот на земјиштето? Сето тоа е дозволено во оваа земја!

Законот во Шведска ви дозволува да истражувате и да правите сѐ што сакате каде и да сакате. Овој закон се вика „Правото на сите“ или Allemansrätt. Шведскиот одбор за туризам дури целата земја ја стави на Airbnb во 2017 година за да ја прикаже слободата која владее во Шведска пред целиот свет. Во Шведска луѓето мора да се грижат за природата и да ги почитуваат другите. Забрането е да се експлоатира земјата, односно да се лови или да се сечат дрвја каде што ќе ви текне.

Овој закон е дел од Уставот на Шведска уште од 1994 година. Шкотска, Норвешка и Естонија имаат слични ставови додека многу други земји забрануваат кампување на државно земјиште. Но, важноста на природата за човечкото здравје е призната во целиот свет.




Коментари

коментари